Гостиварецот Христијан Јованоски (Chris J) ќе настапи на третата вечер (2 август) на OHRID CALLING FESTIVALнајпрестижниот и фестивал за електронска музика во Македонија
Тој, со соло сет ќе биде на сцена со светската елита како NERVO, VINAI, VANILLAZ, REGARD, DJ’s FROM MARS, TOPIC, OFENBACH, MAHMUT ORHAN, SENIDAH, SARA JO што е достојно за респект.
Chris J e претставник на новата генерација артисти и негува текхаус музика (tech-house). Досега имал забележителни настапи на: Deeper underground 2020 (Avalon production), Пиволенд 2017 и повеќе опен-ер журки. Со специфичниот и оригинален стил CHRIS J чест гостин е во клубовите Битола, Скопје, Велес, Гостивар.
Овој гостиварски техно-маг е официјален warm up на GALOSKI еден од најдобрите диџеји на овие простори и музички соработник на Radio G.
Коментарите се затворени.