Паркот на плоштад доби „халк корнер“
Гостивар, 19 август 2021 (МИА) Едно од најпосетените места на градскиот плоштад во Гостивар, денес доби преуредено и подновено зелено катче. На малата свеченост во „малиот парк“ по повод предавањето во употреба, беше кажано дека тоа е производ од соработката на општина Гостивар и Халкбанк АД Скопје во насока на подобрување на животната средина. Ново уредниот простор околу фонтаната во центарот на градот кој го доби името „халк корнер“ во употреба го предадоа Билал Суџубаши генералниот директор на Халкбанк и градоначалникот Арбен Таравари.
– Новото катче од Халкбанк е дел од активностите на платформата „Халк Еко“ чија цел е заштита и подобрување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и зголемување на еколошката свест и грижа, рече градоначалникот Таравари.
Генералниот директор на Халкбанк, Суџубаши искажа задоволство од приемот, остварената соработка и успешната реализација и дека вака уредниот простор дополнително го подобрува и го разубавува делот на паркот на градскиот плоштад.
Зеленото катче или Халк Корнер има ново хортикултурно уредување, нови клупи, осветлување, а поправена и ставена е во употреба фонтаната која претходно беше запоставена.
Новата содржина во малиот градски парк е инвестиција вредна 25.000 евра, средства кои ги обезбеди Халкбанк. Одржувањето на просторот и опремата во иднина ќе бидат обврска на општината и јавните претпријатија.
згм
Коментарите се затворени.