Граѓани од Бањешница бараат спас од каналот што минува низ населбата
им создава каналот што минува низ населбата. Бараат од локалната самоуправа да се стави крај на нивната мака, бидејќи како што рекоа на мирниот протест, во ваква состојба тој им го загрозува здравјето.
Фикмет Зенку, еден жителите напомена дека во каналот кој се користи за наводнување на околните ниви, се приклучени канализациски цевки од кои се слева отпадна вода.
– Од смрдеата не можеме да излеземе, ни ние ниту децата. Низ каналот течат фекалии и таа вода стои, не тече. Вака е неподносливо. Каналот не е за отпадни вода и канализација, туку за наводнување. Ова еднаш конечно мора да се среди и каналот да се исчисти, а не само да се ветува, вели Зенку.
Зариф Муслиу: „Како е можно во 2021 годи на, канализација да се слева вака надвор, на улица. Го има ли некаде ова на друго место во светот. Па, од вакви нечистотии се фаќаат секакви болести.“
Неговиот сосед, Зариф Муслиу смета дека во ваква состојба како што е сега, овој канал е извор на зарази и стравуваат како за сопственото така и за здравјето на децата.
– Поднесовме барање со петиција до општината пред еден месец. Сè уште ни немаа одговорено. Сакам да прашам дали некаде во светот во 21 век има вакво нешто? Ова е пострашно и короната и некој мора да го среди, оти вака не се живее, рече тој.
Во Бањешница сега со над 500 куќи. Во последниве години доживува експанзија и постојано се проширува.
За јужниот дел од градот во кои се населбите Циглана 1 и 2, Фазанерија подолго време се најавува посебна програма која го опфаќа и решението со канализацијата и каналот.
Граѓаните на протестот напоменаа дека повеќе од дваесет години чекаат на трајно решение, бидејќи сите досегашни зафати се само привремени и од година во година ја влошуваа состојбата.
Коментарите се затворени.