Седумдесетина пијани возачи останале без возачки, одземени и 56 возила

Гостивар, 21 октомври 2021 Од почетокот на годината во гостиварско, сообраќајната полиција одзела 71 возачка дозвола на возачи кои пијани седнале зад волан. Без возило и 500 евра останале 56 сопственици кои навреме не ја за направиле регистрацијата или правеле бучава.

Во изминатите девет месеци од оваа година на гостиварското подрачје, во редовни, засилени или локални контроли за управување под дејство на алкохол, времено биле одземени вкупно 71 возачки дозвола. На возачите кои возеле под дејство на алкохол во овој период изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби. За овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска вредност.

Покрај тоа, против сите нив ќе следува и заштитна мерка – времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

До почетокот на октомври оваа година, времено биле одземени и вкупно 56 возила. Најчеста причина е истечена регистрација повеќе од шест месеци, а имало случаи поради бучавост. На сопствениците на возилата чија регистрација била истечена, изготвени им се поднесоци со парични глоби од 500 евра, а на оние кои управувале возила со преголема бучавост поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.

Коментарите се затворени.