Мечка нападнала собирач на шумски плодови кај Бродец
Гостивар, 18 ноември, 2021 На падините на планината Враца, во близина на селото Бродец, вчера се случил несекојдневен настан, кој за среќа поминал без потешки последици. Берач на шумски плодови има средба со кафеава мечка од која се извлекол само со грбаници.
Според првичните информации до кои дојде Radio G настанот се случил вчера околу 13:30 минути. Во непознати околности, на 55 годишен жител од Крива Паланка кој на тој терен собирал смрека се нафрлила мечка. Тој успеал да се извлече и со помали повреди е префрлен во гостиварската болница за укажување на помош.
Случајот можел да има трагичен исход, со оглед дека мечката е најкрупното животно во Европа и може да биде исклучително агресивно ако е најде во загрозена состојба. Во секој случај, среќата била на страната на овој паланчанец, кому оваа средба ќе му остане во длабоко сеќавање. Откако ќе му се намали стресот вреојатно ќе ја раскажува средбата како занимлива анегдота.
Коментарите се затворени.