Одбележан 18 Ноември, Денот на ослободувањето на Гостивар

Гостивар, 18 Ноември 2021  Со повеќе настани, граѓани, ученици и претставници на политички партии и организации потсетија на датумот кој се смета за Денот на ослободување на Гостивар и ги одбележаа 77 години од историскиот настан.

Во градскиот парк со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на жртвите во НОБ го делгации на политичките партии и почитувачи на придобивките во НОВ, оддадоа почит и потсетија на овој важен датум од поновоата историја на Гостивар.

Одбележување на 18 Ноември имаше и во центарот на градот каде гимназијалците со нивните наставници одржаа историски час.

Според достапните историски факт, во акциите за ослободување на Гостивар есента 1944 година учествувале единиците на 15-тиот македонски ударен корпус од 41 и 48 дивизија и 7-мата бригада на 49 дивизија.

За четирите години од војната во гостиварско животите ги дале 322 активни борци и 158 граѓани кои се забалежани како жртви на фашизмот.

Коментарите се затворени.