Ramstore отвори супермаркет во Гостивар

Гостивар, 7 декември 2021 Во присуство на видни гости и со свечено сечење на лента, претпладнево на симболичен начин во Гостивар беше предаден во употреба супермаркетот Ramstore.

Од компанијата потенцираа дека новиот простор на Рамстор супермаркетот со површина од 1.400 м2 продажен простор ќе понуди содржини кои ги задоволуваат високите критериумите и стандарди

– Отворањето на маркетот во Гостивар претставува одговор на барањата на нашите ценети потрошувачи кои се лојални на Рамстор. Благодарение на нашиот висок квалитет, конкурентни цени, широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, модерно работење кое ги следи светските трендови и беспрекорната услуга на нашите вработени што нè прави поразлични од другите, Ајдован Адемоски сопственик на Рамстор Македонија

Тој напомена дека ова е триесеттиот маркет со што бројот на вработени директни и индиректни во компанијата се искачи на 1000 лица

За услугата во супермаркетот во Гостивар се грижи тим од вкупно 25 вработени, а потрошувачите, а пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 80 возила.

За инвестицијата на Рамстор, градоначалникот Арбен Таравари искажа пофални зборови и истакна дека покрај директните вработување Рамстор оствариле соработка и со две компании од Гостивар кои ќе бидат директни снабдувачи. Тоа како што напомена е исклучително важно за развој на локалната економија.

Рамстор маркетите се помеѓу првите супермаркети кои го воведоа НАССР и ИСО 22000. што обезбедува контрола на квалитет на производите и доверба во услугите.

Коментарите се затворени.