Зајкова: Предлогот за бесплатен роаминг за Западен Балкан се разгледува во ЕК
Гостивар, 7 декември 2021 Европската комисијата ја разгледува можноста да ги вклучи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија во зоната “роаминг како дома” на ЕУ, вели пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова.
– По иницијативата која ја предложив викендов за бесплатен роаминг Западен Балкан во ЕУ во разговорот со комесарот Оливер Вархеји добив одговор дека веќе се разгледува можноста за нивно вклучување во европскиот телеком систем. Тоа ќе биде нешто конкретно што би го направиле за граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроинтеграциите во секојдневието, додава Зајкова.
Според неа на овој начин секаде во Европа би имале бесплатен пристап до интернет.
– Се надевам наскоро ќе реализираме повеќе иницијативи изнесени викендов на либералната конференција ,,Нов наратив за забрзана интеграција во Европа”, која беше организирана од страна на Renew Europe од Западен Балкан”, истакна Зајкова.
Коментарите се затворени.