Хасани поднесе тужба за навреда, Таравари: Не се плашам, нека тужат

Гостивар, 20 декември 2021. Заменик министер за одбрана и претседател на огранокот на ДУИ Гостивар, Башким Хасани поднесе тужба за навреда и клевета на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Хасани, преку овластен адвокат тужбата ја поднесе до Основен суд Гостивар со која покрај јавно извинување бара отштета од 250 илјади денари за навреда изнесена во пост на социјалната мрежа Фејсбук.

Според Хасани, со коментарот „Политичката мафија во Гостивар пред неколку дена беше фатена со 100 килограми марихуана, имаат ли овие луѓе кредибилитет да зборуваат за училиштата“ и објавување на фотографија на која тој е со еден од осомничените за шверц на 100 килограми марихуана, Таравари му ги нарушил угледот честа.

– Сакам да ја поздравам акцијата на МВР и повикувам виновниците да се казнат откако ќе се утврди нивната вина. Можам да ја разберам неговата политичка спротивставеност и делување, но личното напаѓање, не. Во ваквиот ставм не му веруваат ниту најблиските соработници. Со ваквата постапка Таравари покажа дека неговото ментално здравје е нарушено и треба да побара медицинска помош од неговите колеги. Не можам на друг начин да го толкувам оваа постапка и уаптено обвинување, рече Хасани.

Градоначалникот Таравари за тужбата и обвинувањата дека не чувствува никаква вина за изнесеното и очекува случајот да се расчисти до крај и сите работи да излезат на виделина.

– Очекував да одат во суд да бараат правда за настаните во кои се вмешани нивни сопартијци. Не се плашам од тужбата и ќе продолжам да делувам во интерес на граѓаните и правдата. Впрочем тие се сликаат со осомничени, не јас, рече Таравари.

 Минатата недела на прес конференција, од огранокот ДУИ го обвинија Таравари дека со начинот на работа придонел да доцнат ноемвриските плати за вработените во образованието. На тоа, како одговор преку објава на Фејсбук Таравари упати контра обвинување.

згм

Коментарите се затворени.