Во Гостивар одбележан 21 декември Денот на настава на турски јазик

Гостивар, 20 декември 2021 Со пригодна програма во ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ се одбележа 21 Декември – денот на настава на турски јазик во Македонија.

Учениците во ова училиште пред гостите меѓу кои имаше претставници на локалната самоуправа, турската заедница и истакнати поединци, изведоа неколку рецитали и песни.

Директорот на училиштето Нури Мазлами зборувајќи за историјата на овој празник нагласи дека овој ден е особено важен за припадниците на турската заедница.

– На 21 декември 1944 година за прв пат во Република Македонија започна учење на турскиот јазик. За нас Турците во Македонија тоа е денот кога ги стекнавме нашите права на образование. За одбележување на овој ден, Денот на турското образование за Турците во Македонија придонесоа пратеникот и поранешен претседател на ТДП Кенан Хасип и пратеникот Хади Незир, на кои им благодариме, рече Мазлами.

Одбележувањето продолжи со изложба на ликовни дела кои учениците ги изработија за оваа прилика. Овој ден во Македонија се празнува од 2007 година е неработен за припадниците на турската заедница.

ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ е едно од побројните училишта во општина Гостивар во која настава посетуваат 1.500 ученици. Наставата се одвива на три јазици: турски, албански и македонски.

Коментарите се затворени.