ОО СДСМ Гостивар ги претстави новините во законот за ПИО

Гостивар, 20 март 2022   Членови на општинскиот совет, парламентот и лидерот на ОО СДСМ остварија средба со повозрасните гостиварци на која ги појаснија покачување на пензиите.

Претседателот на ОО СДСМ Игор Велјаноски напомена дека Владата предводена од СДСМ и коалицијата овозможува одржлив и континуиран раст на пензиите и покажува вистинска грижа за пензионерите. Во таа насока биле и последните усвоени законски измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со него е предвидено да има усогласување според порастот на трошоците на живот и порастот на просечната плата во државата.

– Новата методологија ќе започне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и досега, два пати во годината, во месеците март и септември.  Од овој септември, околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари, рече Велјаноски.

Тој дополни и дека како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1.000 денари со цел да се заштити економскиот стандард во време на криза. Тоа би значело дека со покачувањето на пензиите и помошта од 3.000 денари, секој пензионер ќе добие по 12.000 денари повеќе на својата сметка.

згм

Коментарите се затворени.