Комедијата „Разведи ме“ пред гостиварската публика
Гостивар, 14 мај 2022 Една од најактуелните претстави во моментов, роматичната комедија „Разведи ме“ во продукција на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА- Скопје, ќе биде изведна пред гостиварската публика.
Во рамки на балканската турнеја, во последните два месеца два месеца гостуваше во 15-тина града, низ Македонија и надвор од неа.
Станува збор за претстава која на експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот, неверството, простувањето, квалитетот на врската..
Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвената- љубовта.
Драматизацијата е на Роберт Ристов, а ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.
https://www.facebook.com/watch/?v=538988140651641
Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).
Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.
Претставата е ќе се игра во Ценатрот за култура АСНОМ во понеделник (16 мај) во 20 часот.
Коментарите се затворени.