Одбележани 65 години од ХЕЦ Маврово
Вруток, 27 мај 2022 Со пригодна свеченост и во присуство на гости државниот врв, во хидроцентралата „Вруток“ беше одбележан јубилејот – 65 години од почетокот со работа на Хидроенергетскиот систем „Маврово“.
Првиот човек на ХЕС „Маврово“, Ѓорѓи Божиноски во обраќањето ја напомена улогата на мавровскиот систем и залагањето на вработените, за кои рече дека се максимално посветени на работа и задачите.
– Мавровскиот хидроенергетски систем со трите електрани и со вкупна акумулација од 270 милиони метри кубни вода претставува еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски систем. Како долгогодишен вработен во ХЕС „Маврово“ добро сум запознат со работата, историјата и значењето. Сите наши вработени се горди што се дел од хидросистемот. Свесни сме за предизвиците, за потребите на системот, за енергетската криза, неповолната хидрологија. Вложуваме големи напори да го исполниме нашиот дел, а во истовреме свесни сме за големиот товар што го носат нашите колеги од термоелектраните, рече Божиноски.
На прославата обраќања имаа и претседателот на владата на РСМ, Димитар Ковачевски и генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тие напомена дека наскоро со проект за ревитализација на системот од 2022 до 2026-та година системот ќе бидат вложени 29 милиони евра.
Системот со централите Вруток, Врбен Равен е предаден во употреба во 1957 година, кога на отворањето дошол и тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз-Тито. Подоцна низ развојот, ХЕС Маврово е надградуван и прошируван и сега најзначајниот производител електрична енергија од обновливи извори во Македонија.
Коментарите се затворени.