Наскоро нов и поширок коловоз од Леуново до Ниќифорово
Гостивар, 27 мај 2022 Делницата од локалниот пат Ниќифорово до Леуново наскоро ќе биде реконструирана. Проектот за „тесното грло’ околу Мавровското езеро е готов и летово работите треба да почнат. Ова го кажа првиот човек на држабни патишта Ејуп Рустеми по увидот на работите на регионалниот пат Маврови Анови-Жировница.
– Сакам да информирам дека го добивме проектот што го изработија од факултетот за градежништво и наскоро ќе им постапка за избор на изведувач на градежните работи. Со ова ќе биде заокружен еден план за подобра комуникација низ мавровскиот регион кој значаен туристички центар, а гостите ќе можат поудобно да уживаат во природните убавини, рече Ејупи.
За работите на делницата Маврови Анови-Жировница (во должина од 18,5 км) тој напомена дека станува збор за инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60%. Првиот човек на ЈП Државни патишта овој пат е од суштинско значење за граѓаните како во регионот, така и во целата земја.
– Со рехабилитација на патот Маврови Анови-Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати како што е нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови, бидејќи сите сме сведоци на честите одрони на оваа делница и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата. Безбедноста на државните патишта е наш приоритет, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми,
За важноста на највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше зборуваа премиерот Димитар Ковачески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тие напоменаа дека овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село-Бунец-Маврови Анови-Жировница-Ростуше-Бошков Мост-Дебар-Блато па се до границата со Република Албанија. Вкупната должина на патот изнесува околу 61 km. Неговата улога во сообраќајната мрежа е патно поврзување на западниот регион од нашата земја, поточно Гостивар и Дебар, како стопански седишта во овој дел на државата.
Коментарите се затворени.