Нова песна во блуз манир на Ристо разбираш

Гостивар, 5 јуни 2022 Од скоро на фрекфенцијата од 106, 4 (FM) се емитува обработка на еден блуз стандард. Човекот кој на пошироката јавност е познат како Ристо разбираш од тројката К-15 сними македонска верзија на Учи кучи мен (Hoochie Coochie Man by Muddy Waters).

Контра Блуз (Не Се Курчи Мен) – ja отсвиреа и отпеаа Гуру Харе, Мите и Ристо, Разбираш Текст и аранжман: Игор Атанасоски – Харе Вокал: Ристо Разбираш Тапани: Мите Димовски Гитари и бас: Игор Атанасоски – Харе.

Песната е снимана и продуцирана во студио Тралала, Скопје Продуцент: Мите Димовски Видео: Тоше Јанев – Јанус, а снимана е во легендарниот скопски клуб Маракана.

Во описот на видеот стои дека не е дозволено превземање и ре-објавување на видеата од ТНТ продакшн. Дозволено е, и пожелно, објавување на линк од видеата на ТНТ продакшн каналот. Значи, Батка, шер може, даунлоад и објава на друго место не може!

Ама ние сепак ќе направиме ШЕР 🙂

Коментарите се затворени.