За пребрзо возење полцијата изрекла 35 мерки на подрачјето на Гостивар
Гостивар, 11 јуни 2022 Сообраќајците вчера по гостиварските сообраќајници откриле и казниле 35 лица кои возеле со брзина над дозволеното. И покрај ризикот во услови на влажни коловози да се вози брзо, девет возачи биле побрзи за над 70км/ч од ограничувањата.
Според СВР Тетово, полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 јуни) од 14 до 20 часот спроведоа зајакната акциска контрола за брзина со која се движат возилата. Во акцијата на гостиварсктото подрачје вкупно се изречени 35 мерки кои се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место.Од нив 9 пречекорувања биле за повеќе од 70 километри на час.Во контролата биле откриени и санкционирани и 8 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово со уште еден апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако е врнежливо времето, но и воопшто и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.
Коментарите се затворени.