Среда 15 јуни „Ден за танц/Dance day“, млади таленти ќе играат модерни танци

Гостивар, 13 јуни 2022   Во среда (15.06) на големата сцената во домот на културата ќе биде весело и разгирано. Од Културно здружение „ ДУНЕК “ Гостивар

најавија програма во два дела, исполнета со танци и игра која ќе изведуваат, наши, гостиварски дечиња.

– Со завршувањето на курсот за оваа сезона, нашите талентирани девојчиња ќе настапат во Центарот за култура АСНОМ. Прв е настапот на групата хип-хоп под мотото „Слушнете ја музиката, почувствувајте го танцот”. Тоа ќе биде ќе биде своевидно размрдување со r&b, рап и хип хоп звуци, рекоа од ДУНЕК.

Во големата сала ќе се изведе и танцова претства. Во неа учествуваат членовите од групата на модерни танци.

– Оваа група ќе се појави на сцената во има со изведба во танцовата претстава “Петтиот елемент”. Перформансот ги прикажува проблемите со кои се соочува природата.

Репертоарот е грижливо избран и од ДУНЕК ве покануваат да дојдете во што поголем број, бидејќи влезницата е симболична во износ од 50 денари.

Заедно со Radio G и вие дадете поддршка на овој линк.

Коментарите се затворени.