„Дивље јагоде“ со нова хит балада „Зошто не дојде порано/Zašto ranije nisi došla“ (ВИДЕО)

Гостивар, 18 јуни 2022 Штотуку се појави новиот сингл на Дивље Јагоде/Divlje. Станува збор за нова балада која има потенцијал да биде нивен нов голем хит и е најава за нивниот нов албум, кој е во подготовка. Радијската промоција на новата песна на Radio G -106,4 ќе биде утре (сабота 18 јуни) во 12 часот во терминот кога се емитува „За прв пат на радио“.

Темата со наслов „Зошто не дојде порано/Zašto ranije nisi došla е вториот сингл на групата Дивље Јагоде/Divlje jagode кој според најавите ќе се најде на новиот најавен студиски албум. Рок баладата во неговиот препознатлив стил ја отпеа Тони Јанковиќ/Toni Janković.

– Искрено, тешко ми е прогнозирам колку време ќе биде потребно оваа песна да биде препознаена како и неколкуте други балади кои Тони/Toni ги отпеа, но верувам дека оваа необична балада наскоро би можела да биде рамо до рамо со песните како Једина моја/Jedina moja, Како си топла и мила/Kako si topla i mila, Криво је море/Krivo je more, изјави Сеат Липовача Зеле/Zele, автор и продуцент на песната и основач на Дивље Јагоде/Divljih jagoda.

Новата песна е снимана во студиото Шишмиш/Šišmiš, а миксот и мастерингот се дело на Зоран Швигир/Zoran Švigir – Švigi. Деновиве се објавени стиховите и видеото кое го направи CroRec Video.

Рок машината Дивље Јагоде/Divlje jagode не застанува и по повеќе од 40 години постоење. Со новата песна се сè поблиску до моментот кога музичката јавност и публиката ќе слушнат што подготвија за новиот студиски албум.

Коментарите се затворени.