Мијата објави нов сингл: Весело и колоритно „Враќање дома“ (ВИДЕО)

Гостивар, 27 мај 2022 Една од најоригиналните појави на македонската музичка сцена, Наташа Крстевска-Мијата деновиве ја израдува публиката и љубителите на македонската музика. Новиот сингл и видеозаписот имаат наслов „Враќање дома“. Во оваа песна вокално ја дополнува и Теодора Гошева Капсарова, кантавторка и пејачка од помладата генерација.

Зад новото музичко парче како автори стојат: Александар Пешевски композитор, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е дело на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата.

Снимањето на песната се одвиваше во „Грин рум саунд студио“, придружните вокали ги пее Наташа Миха, а на мандолина свири Никола Стојмановиќ.

Во снимањето на видеото, освен како пејачка, Мијата ја презеде режисерската палка и го режираше својот нов спот. Продукцијата е на Били Д и „Гордан Божиновски енд Солушнс“.

За снимањето на спотот Мијата ќе каже:

„Ова беше прекрасно искуство, поради тоа што скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет што возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Сакам да упатам благодарност и до авторскиот тим, кој направи парче музика што многу автентично ме отсликува, и секако до луѓето задолжени за видеопродукцијата, кои ја поддржаа мојата идеја – вели Наташа Крстевска-Мијата за својата нова песна.

Како што и вообичаено, Radio G работи за поддршка на македонската авторска музика, во сегментот „За прв пат на радио“ утре 28.05 (сабота) во 12 часот ќе биде радио промоцијата на синглот „Враќање дома“. Колоритната слика налик на времето со „децата на цвеќето“ може да се погледне тука

Коментарите се затворени.