НОВ ЛЕТЕН ХИТ СИНГЛ: ФРАНКА/FRANKA – Прегрни ме силно/ZAGRLI ME SNAŽNO

Гостивар, 24 јуни 2022 Хрватската поп ѕвезда Франка/ FRANKA по работната пролет го претстави летниот хит сингл „Прегрни ме силно“/ZAGRLI ME SNAŽNO. Новата песна која ја добивме преку соработката со Кроација рекордс/Croatia records промотивно ќе ја емитуваме во петок 24 јуни на пладне.

Инаку, станува збор за новата песна на Франка Бателиќ која е инспирирана од поп звукот на осумдесетите, звучи модерно и содржи елементи на модерната музичка продукција.

„Летото е време кога најмногу сакам да го слушам позитивниот ритам на танцот. По некое време кога моравме да бидеме отсутни, би сакала силно да се гушкаме ова лето, да ја славиме љубовта, да бидам среќна и да го чувствувам само танцовиот ритам и убавите емоции. Летото официјално започнува и време е за позитивно“ – изјави Франка.

Песната е инспирирана од поп звукот од 80-тите, со модерни елементи кои се актуелни во светската музичка продукција. Како автор на музиката и продукцијата се потпишува Бранимир Михаљевиќ, а текстот го напиша Маја Глоријан. Песната се очекува да биде новиот студиски албум, чиешто издание Франка го најавува до крајот на годинава.

Интересното видео за новиот сингл кој ќе може да се гледа и на YouTube, е дело на Даријо Радусин.

Хрватската поп ѕвезда, која на 106,4 ја деновиве ја често ја слушаме со хитовите Преживетј ќу/Preživjet ću и соработката со Сара Јо во темата Тој/On, на музичката јавност ѝ стана попозната откако во 2018-та ја претставуваше својата држава со песната „Crazy“. Таа освен со убавиот глас, таа плени и со надворешниот изглед. Инаку е мајка, а долги години е во врска, сега веќе и брак, со фудбалерот Ведран Ќорлука.

Коментарите се затворени.