Концертна вечер со класични арии на дуото Коцевска-Гелебешев

Гостивар, 27 јуни 2022 Љубителите на класичната музика ги очекува извонредна вечер исполнета со класични арии од познати опери. Во центарот за култура во среда ќе настапи дуетот Александра Коцевска – (мецосопран) и Глигор Гелебешев – (пијано придружба) со изведба на старо класични арии.

Ова дуо составено кое го сочинуваат еминентни уметници и магистри во нивните области постои веќе 7 години. Освен со настапи и двајцата се занимаваат со педагошка работа и се вработени во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј.

Заради нивната богата и колоритна програма, бележат многубројни концерти низ целата наша држава но и во странство.

– Во времето кога постоеле кралевите тие порачувале цели опери за служба на дворовите, но со текот на годините останале само ариите кои се изведуваат и до ден денес. Нека оваа магија од тоа време ве привлече со присуство и уживање на концертот, порачаа Гелебешев и Коцевска

Пред гостиварската публика тие ќе настапат на 29.06.2022 год. во НУЦК АСНОМ – Гостивар со почеток 19:30 часот.

Коментарите се затворени.