Падна договор: Општинарите ќе добиваат повисоки плати

Гостивар, 30 јуни 2022 Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски остварија средба со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари во врска со барањата на ССМ, УПОЗ и останатите синдикати за зголемување на платите на работниците за 2.806 денари за сите вработени општинската администрација и јавните претпријатија

На состанокот учествуваа и тимови од ССМ и УПОЗ и Општина Гостивар кои дискутираа за начинот на остварување на ова право за работниците. Синдикалците го поздравија пристапот на градоначалникот за зголемување на платите и ги прифати барањата на ССМ и УПОЗ.

Договорено е УПОЗ и Општината Гостивар да склучат анекс на колективниот договор во Општина Гостивар според кој сите вработени добиваат усогласување со минималната плата од 2.806 денари во нето износ, а СУТКОЗ во Јавните претпријатија ЈП комуналец Гостивар, ЈП Паркинзи и паркови и зеленило и ЈП Спортска сала Гостивар ќе склучи спогодби за 2.806 денари во нето зголемување на платите.

Работниците може да се надеваат на зголемени плати од август, бидејќи ќе претходат процедури и усогласување.

Коментарите се затворени.