АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Помогнете во довршување на домот на самохраната мајка Верица од Врапчиште
Гостивар, 20 јули 2022 Солидарност и помош се очекуваат од овој апел што го упати самохрана мајка. За да се заокружи идејата за згрижување и обезбедување на дом недостигаат уште неколку работи.
Верица Стојановска од гостиварското село Врапчиште Гостивар од неодамна е без дом. Таа е на возраст од 50 години, самохрана мајка и останала без покрив над глава. За да ѝ се излезе во пресрет, Исламската верска заедница (ИВЗ), во близина на селската амбуланта неодамна отпочна со иницијатива за изградба на објект (куќа) со површина од 60 м2. За да биде ставен во функција потребно е внатрешно уредување. Сега работите на довршување на објектот стојат.
Во апелот на Верица се наведува:
„Засега градежните активности се стопирани заради недостиг од средства. Неопходна е непарична помош, односно градежни материјали и опрема“. Објектот е во фаза на карабина (изѕидан и со покрив) Недостигаат градежни материјали за малтерисување, поставување на под, прозорци, врати и довршување на еден ѕид. Освен ова, потребно е да се направат приклучок и инсталација за струја и водовод.
Верица се наоѓа незавидна состојба, доскорешниот дом треба да го напушти наскоро, има нарушено здравје и не во можност самата да ги заврши работите околу новата куќа.
Коментарите се затворени.