Промовиран модел за формирање центар за социјални услуги во домот и заедницата
Гостивар, 21 јули 2022 Модел за мултифункционален центар кој ќе испорачува повеќе различни социјални услуги за задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион, денес беше презентиран пред пошироката јавност. Во некогашниот приватен колеџ, градоначалникот Арбен Таравари со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Вероник Хулман, постојаниот претставник на УНДП, Арменд Григорјан претставувајќи ги идеите и целите на новата институција, напомена дека ова е прв ваков во земјава.
Таравари посочи дека соработката со локалната заедница е од голема важност и дека во тек е формирање на стручен тим составен од различни профили. Тој тим ќе испорачува услуги на поддршка, рехабилитација и хабилитација, ресоцијализација, обука за независно живеење како поддршка за нивно вклучување на пазарот на труд. Еден е поважните сегменти ќе биде кујната во која ќе се приготвуваат оброци за лицата со посебни потреби.
– Центарот во Гостивар е креиран да испорачува социјални услуги во домот и заедницата со што ќе се овозможи интегрирање и испорачување на повеќе различни социјални услуги во насока на задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион. Обезбедувањето на здрави оброци за немоќните секако дека ќе им биде од корист, рече Таравари и напомена дека е во тек се очекува да биде избрана компанија која ќе раководи со кујната во центарот.
Министерката Тренчевска истакна дека со создавање на нови и зајакнувањето на постојните човечки капацитети во заедницата и искористување на расположливите ресурси, придобивка ќе имаат граѓаните кои имаат потреба од нега и грижа, одмена на семејна грижа, рехабилитација, окупација, поддршка за независно живеење, окупација, активација и поддршка за вклучување на пазарот на труд.
– Во план е и преку овој центар да се испорачува и мерката од оперативниот – економија на грижа за регионот на Општина Гостивар и тоа преку селектираната граѓанска организација – Ресурсен центар Гостивар. Обуките во рамките на оваа програмата се во тек, со учество на 12 невработени лица, со можности за нивно вработување, кои оваа услуга директно ќе ја испорачуваат до крајните корисници од Полошкиот регион, рече Тренчевска.
Постојниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, истакна дека креирањето можности за работа и социјална инклузија за ранливите и маргинализираните групи е еден од приоритетите на УНДП, при што активностите се спроведуваат со финансиска поддршка од Владата и Швајцарската амбасада.
Според програмата за работа на овој центар, планирано е и воспоставување на верификуван тренинг центар за подготовка на здрава храна во поширокиот регион и ќе обучува по 25-30 лица секоја година како определен минимум. Она што е клучно е дека лицата ќе стекнат практични вештини во неколку области на кулинарството, со кои ќе можат да конкурираат на пазарот на труд и да најдат соодветна и добро платена работа во угостителскиот сектор
Коментарите се затворени.