Измама: Уплатил две илјади евра за одмор, останал без резервација и пари
Гостивар, 22 јули 2022 Жител на гостиварско село пријавил дека измамен за близу две илјади евра од сопственик туристичка агенција од Скопје. Наместо да замине на одмор во Турција, тој останал без пари и резервација.
Од СВР Тетово информираат дека синоќа (21.07.2022) во Полициската станица Гостивар, 36-годишен маж пријавил дека бил измамен од М.К.(36) од Скопје, сопственик на туристичка агенција од Скопје. Станува збор за сума од 1.500 евра и 500 швајцарски франци.
Според пријавеното, во мај годинава, пријавивачот резервирал термин за одмор во Турција за 13 јули. Парите ги предал со нотарски договор и добил ветување дека ќе му биде направена резервација за аранжманот.
Откако во неколку наврати побарал да се потврди резервација, сопственикот не се јавувал на телефон. Откако разбрал дека М.К. нуту му резервирал термин за одмор, ниту пак ги вратил парите случајот го пријавил. Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Коментарите се затворени.