Вечерва одбележување на Илинден со концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“
Гостивар, 1 август 2022 Градското културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ќе одржи концерт на народни песни ора по повод одбележувањето на празникот, Денот на Републиката – Илинден.
Празничниот концерт ќе биде дополнет со настапот на културно-уметничкото друштво „Младост“ од Кичево и солистите Јовица Николоски и Мирослав Крстески.
Од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ упатуваат покана љубителите на македонската традиција и фолклор да присуствуваат и заеднички да се прослави формирањето на македонската држава.
Почетокот на концертот е закажан за вечер во 19:00 часот (1.09.2022) во Летниот Амфитеатар покрај десниот брег на Вардар
Коментарите се затворени.