Илинден одбележан со собири, концерт и оддавање на почит

Гостивар, 2 август 2022 Празникот Илинден во Гостивар и околината се одбележува со црковно-народни собири и повеќе манифестации посветени на празникот.

Одбележувањето на празникот, Денот на Републиката – Илинден, започна синоќа со концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ во летниот амфитеатар. Пред љубителите на фолклорот, членовите на друштвото со гостите од Кичево, КУД „Младост“ изведоа повеќе традиционални игри и ора.

Празнувањето продолжи утрово во црквата „Пресвета Богородица“ каде во чест на Св.пророк Илија, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од гостиварското архијерејско намесништво отслужи света литургија. Митрополитот г. Јосиф во беседата го честиташе националниот празник Илинден, а беше отслужен и парастос за сите што ги дале животите за одбрана на верата и татковината.

По повод Денот на републиката, 2-ри Август во Гостивар со пригоден собир и положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар го одбележа празникот.

            Традиционално, со црковно народни собири, Илинден се празнува одбележува во месноста Илиница во близина на Врапчиште и полошкото село Стенче, каде и оваа година се организира манифестацијата „Илинденски денови“

Илиница, Врапчиште

згм

Коментарите се затворени.