Хрватскиот пејач Теди Грубица сними песна на триото Копров, Неделковски и Дојчин (ВИДЕО)
Гостивар, 4 август 2022 Македонските автори Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман) се потпишаа зад песната „Ostat ću tvoj san“ („Ќе останам твојот сон“) на новата хрватска музичка ѕвезда Теди Грубица.
Теди, од музичката критика е оценет како еден од најперспективните млади пејачи на просторот на поранешна Југославија, а неговиот потенцијал е препознаен од повеќе автори.
Новата песна е балада, која дефинитивно станува нов регионален хит и е продолжетокот на соработка помеѓу Копров со Теди Грубица. Од оваа соработка се очекува на крајот на септември да биде објавен деби-албумот на младиот пејач од Пула. Него треба да го издаде „Кроација рекордс“, најголемата дискографска куќа во регионот.
Иако не открива многу за приватниот живот, со песната „Tebi pripadam“ („Тебе ти припаѓам“) ја потврди врската со риечката пејачка Медеа.
Теди инаку работи како снимател во Medvid produkcijа и е соработник на една национална телевизија која покрива теми од Истра.
Иако пее од мали нозе на музичката сцена станува позабележителен откако Григор Копров, еден од најзначајните македонски композитори ќе ја забележи неговата обработка на „Сонце во твоите руси коси“ по што следи понуда за соработка. Во меѓувреме Теди ќе сними два сингла чиј автор е Копров. Со песната „Сувенир“ на минатогодишниот „Охрид фест“ ја освои наградата за најдобра интерпретација.
Во продолжение може да го погледнете и видеото на песната зад која стои македонскиот „дрим тим“: Копров, Неделковски, Дојчиновски
Коментарите се затворени.