Во големиот парк се гради забавно катче за децата со посебни потреби

Гостивар, 11 август 2022 (МИА) Во големиот градски парк, покрај Вардар започна изградбата и уредувањето на простор кој ќе користи како место за забава и рекреација на децата со посебни потреби. Според општинските власти, новата содржина во паркот „инклузивен-социјален парк“ се реализира во соработка со Бирото за регионален развој и министерството за труд и социјална политика

Првиот човек на општината за новата активност информираше преку фејзбук профилот на кој постави фотографии од планираниот изглед на паркчето.

            – Во склоп на големиот градски парк, започнаа работите за изградба на инклузивен парк со површина од 675 метри квадратни. Во него, децата, вклучително и оние со посебни потреби, ќе се дружат и ќе играат заедно, напиша градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Подлогата на новата содржина („инклузивниот социјален парк“) ќе се уреди со тартан, заради безбедноста на корисниците. Реквизитите и опремата што ќе биде поставена ќе бидат безбедни и изработени според високи стандарди.

Овој проект доаѓа како резултат од апликацијата на локалната самоуправа во Бирото за регионален развој на Полог и Министерството за труд и социјална политика.

згм

Коментарите се затворени.