Таравари бара формирање на техничка влада
Гостивар, 17 август 2022 Потпретседателот на Алијанса за албнаците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари во последниот осврт објавен на неговиот фејзбук профил, за надминување на состојбата во земјава, бара итно формирање на техничка влада.
– Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, пишува Таравари.
Тој, во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата
Таравари оценува дека сме мали сме во географска смисла, но „гиганти“ во однос на корупцијата. Според него, техничката влада ќе мора како приоритет за излез од кризата на историските дилеми, да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот и во неа да членуваат експерти од нивните области без политички врски.
– Токму во такво „руво“ владата би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти, заклучува Таравари (целиот текст може да се прочита тука)
Коментарите се затворени.