Казнети 14 мотоциклисти за неносење на заштитна кацига

Гостивар, 18 август 2022  (МИА)  Во последната акција на полицијата по гостиварските сообраќајници, откриени и санкционирани се 14 лица поради неносење на заштитна опрема. Од СВР Тетово информираат дека во денешната акциска контрола (од 10 до 15 часот) низ полошко вкупно биле откриени и санкционирани 23  прекршоци (на тетовското подрачје-8 и гостиварско-15).

            – Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги. Двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) непоседувале осигурителни полиси. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3), наведуваат од СВР Тетово.

Отаму апелираат до мотоциклистите задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли.

Од СВР Тетово најавуваат дека до крајот на овој и наредниот месец се планирани засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта.

згм

Коментарите се затворени.