Жена тешко повредена во сообраќајка, полицијата трага по возачот кој побегнал
Гостивар 20 август 2022 Полицијата трага по возач кој претпладнево удрил повозрасна жена на улица во Гостивар и тешко ја повредил.
Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 10 часот, во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа.
– На улица „Илинденска” во Гостивар, патничко моторно возило, кое веднаш го напуштило местото, удрило во 69-годишната гостиварка Л.А. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото-учесник во сообраќајната несреќа
Коментарите се затворени.