Полицијата уапси „специјалист“ за велосипеди
Гостивар 22 август 2022 (МИА) Полицијата лиши од слобода едно лице за кое постои сомнеж дека украл повеќе велосипеди кои подоцна ги препродавал.
Од СВР Тетово информираа дека во ОВР Гостивар е расчистена серијата од шест кражби и тешки кражби по што ќе следува кривична пријава
– За извршувањето на кражбите се сомничи Б.С. (44) од Гостивар. Тој вчера (21 август) околу 13 часот и 30 минути во Гостивар, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. По документирање на случајот, нему ќе му биде изготвен соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.
Инаку, Б.С. во текот на оваа година, најчесто „оперирал“ во централното подрачје на Гостивар противправно одземал скапи велосипеди, кои потоа ги препродавал на други лица. Дел од украдените велосипеди се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.
Коментарите се затворени.