Равенчанец излетал со кола кај Новоселски мост
Гостивар, 24 август 2022 Повозрасен возач завршил во болница со тешки повреди откако со возило излетал пред мостот кај Ново Село.
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 8:30 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост.
– Патничко моторно возило „митсубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот М.А. од гостиварски Равен излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Коментарите се затворени.