Дваесет години од погибијата на Александар Николиќ и Даил Јанкоски
Гостивар, 26 август 2022 Со комеморативен помен собир на влезот од населбата Циглана утрово беа одбележани дваесет години од загинувањето на полициските резервисти, Александар Николиќ и Даил Јанкоски.
Претставници на ОВР Гостивар, Македонскиот полициски синдикат, локалните ограноци на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, роднини и пријатели на загинатите во спомен и слава на загинатите, на местото на погибијата положија цвеќе и запалија свеќи и оддадоа почит. Свештеник од гостиварското архиерејското намесништво отслужи опело за покој на душите.
Гостиварците Николиќ и Јанкоски, ги загубија животите додека беа должност на полициски пункт ноќта на 26 август во 2002 година. Тогашната истрага утврди дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот еден уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.
По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десет години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставена спомен-плоча.
згм
Коментарите се затворени.