Битолчаните „CODE 369“ објавија албум за „Кроација Рекордс-Croatia Records“
Гостивар, 30 август 2022 Битолскиот квартет „CODE 369“ на последниот настап, минатата недела во Славонски Брод, во рамките на традиционалниот Славонија фест – CMC 200, на градската тврдина Брод го промовираа својот деби-албум. „Stages of Love“ е објавен под закрилата на најголемата регионална издавачка куќа „Кроација Рекордс- Croatia Records“.
Албумот е првиот албум што го создадоа и снимија под името „CODE 369“ (КОД 369) и содржи 12 нумери. Жанровски, нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи.
– Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – стои во рецензијата на „Кроација Рекордс“. Во музиката на „CODE 369“ се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации со препознатливата рок-основа и влијанија на современата музика во домен на поп и рок.
Наскоро, откако ќе го добиеме материјалот слушателите на Radio G, ќе имаат можност да слушнат како звучи овој овој состав.
„CODE 369“ е македонски бенд од Битола, формиран во 2020 година. Тие се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на „Памперс“: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали) и Иле Лулевски (тапани, придружни вокали).
Летово, пред сите овие случувања, „CODE 369“ потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“, а неодамна снимија и сингл на хрватски јазик, со наслов „Права љубав“.
Коментарите се затворени.