Новата учебна година започна во сите училишта во општина Гостивар
Гостивар, 1 септември 2022 Новата учебна година во општина Гостивар започна во сите образовни институции и според локалната власт годинава главен предзивик ќе биде енергетската криза. На првиот час, во девет основни и четири средни училишта дојдоа околу ..ученици.
Првиот човек на општината со соработниците посети две основни училишта и на првачињата им го честиташе почетокот на образувањето. Градоначалникот Арбен Таравари упати честитка и до наставниците, на кои, како што рече исклучително им го цени дадениот придонес и посветеноста во едукацијата на низа генерации. Тој напомена дека како локална самоуправа, работат на создавање подобри услови во образовните институции.
– Со ѕвонењето на првото ѕвонче, на секој ученик кој ја започнува новата учебна година од срце му посакувам многу успеси и многу среќа на ова убаво патување кон знаењето. Посебно им честитам на 568-те ученици кои првпат седнаа на училишните клупи, за кои оваа година одвоивме по 1500 денари, рече Таравари.
Градоначалникот Таравари оцени дека новата учебна година започнува во услови на енергетска криза која ќе биде предизвик за училишните раководства и локалната самоуправа.
– Како општина ќе направиме сè за ги надминеме проблемите и се надевам дека нема да има препреки. За жал учебната година почнува и со проблеми со учебниците кои не се доставени за сите, подвлече Таравари.
Тој упати повик до родителите кои имаат „првачиња“ да се пријават и да остварат право на еднократна парична помош од 1.500 денари.
Коментарите се затворени.