Во Стенче ќе се осветува нова црква Света великомаченица Екатерина
Гостивар, 5 септември 2022 Во полошкото село Стенче наредната недела (17 и 18 септември) ќе се одржи голем дводневен собир во чест на осветувањето на новоизградениот православен храм посветена на Св. Екатерина. По тој повод црковните власти и Милетинската парохија издадоа соопштение со патуваат повик до православните верници да дојдат и да го уприличат настанот. Оваа црква е единствената во Македонија, која го носи името на Св. Екатерина. Во продолжение ви ја пренесуваме поканата на Милетинската парохија:
ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ГОСПОДА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА И НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА, ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА, ТЕТОВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ ОД ТЕТОВО, ТЕТОВСКО И ПОШИРОКО ВО НАШАТА ТАТКОВИНА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ОСВЕТУВАЊЕТО-ЕВАНГЕЛИСУВАЊЕТО НА НОВОИЗГРАДЕНАТА ЦРКВА СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЦА ЕКАТЕРИНА ВО СЕЛО СТЕНЧЕ.
ПО ТОЈ ПОВОД НА 17.09.2022 ЛЕТО ГОСПОДОВО (САБОТА) ВО 17 ЧАСОТ ЌЕ СЕ ОТСЛУЖИ ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА И ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ОСВЕТУВАЊЕ НА ВОДА-ВОДОСВЕТ, ПОТОА ЌЕ ЗАПОЧНЕ КУЛТУРНО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА КОЈА ЌЕ ТРАЕ ДО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ.
НА 18.09.2022 ЛЕТО ГОСПОДОВО (НЕДЕЛА) ЧИНОТ НА ОСВЕТУВАЊЕТО-ЕВАНГЕЛИСУВАЊЕТО ЌЕ ГО ИЗВРШИ НАШИОТ НАДЛЕЖЕН ЕПАРХИСКИ АРХИЈЕРЕЈ, МИТРОПОЛИТОТ ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКИ Г. ЈОСИФ ВО СОСЛУЖЕНИЕ НА ПОВЕЌЕ СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИ ОД ТЕТОВСКОТО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО И ОД НАШАТА ЕПАРХИЈА.
СВЕЧЕН ПРЕЧЕК И ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЌЕ ОТПОЧНАТ ВО 8.15 ЧАСОТ.
ПО ИЗВРШУВАЊЕТО НА ЧИНОТ НА ОСВЕТУВАЊЕ-ЕВАНГЕЛИСУВАЊЕ, ЌЕ СЕ ОТСЛУЖИ И ПРВАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА. ЗА ЗДРАВЈЕ ЌЕ БИДАТ РАЗДЕЛЕНИ ПАРЧИЊА ОД КОШУЛАТА СО КОЈА ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА.
ПОТОА ПРЕДВИДЕНА Е ЗАЕДНИЧКА БРАТСКА И СЕСТРИНСКА ТРПЕЗА НА ЉУБОВТА И СЕОПШТА НАРОДНА ВЕСЕЛБА.
БРАТОЉУБИВО ВЕ ПОКАНУВАМЕ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ГОСПОДА, ШТО ПОМАСОВНО ДА ДОЈДЕТЕ НА ОВОЈ ГОЛЕМ ИСТОРИСКИ ЧИН, ЗА ДА ЈА СПОДЕЛИМЕ ЗАЕДНИЧКАТА ГОЛЕМА РАДОСТ И ДА ГО ИЗМОЛИМЕ БОГА ЗА СИТЕ НАС И НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА ЗА МИР И БЛАГОСОСТОЈБА ВО НАШАТА ТАТКОВИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ГОСПОД БОГ НЕКА ЈА ЗАЈАКНУВА МИЛОСТА И ЕДИНСТВОТО.
Коментарите се затворени.