8 Септември: „Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Гостивар, 8 септември 2022 „Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“… Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров со кои на плоштадот во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за осамостојување на Република Македонија од СФРЈ.
Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност.
На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.
Коментарите се затворени.