Општина Гостивар ќе исплати по 1.500 денари за 555 првоодделенци
Гостивар, 29 септември 2022 (МИА) Гостиварската локална самоуправа ќе исплати еднократен износ на семејствата на 555 првооделенци. Одлуката ја донесе советот на општина Гостивар како помош за подобрување на социјалниот статус
Од општината информираат дека по истекот на рокот за пријавување и поднесувањето на документи за запишани првооделенци за учебната 2022/2023 година, во Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар е потврдено дека 555 пријави.
Паричните средства, по 1.500 денари по ученик се редовни, ќе бидат исплатени наскоро.
– Со оваа одлука која помина во советот на седница во август се надеваме дека оваа помош ќе биде добредојдена“, изјави претседателот на советот Валбон Лимани.
Општина Гостивар за прв пат доделува парична помош на семејствата чии деца за прв пат тргнуваат на училиште, а планот е оваа парична помош тоа да стане традиција. За да се реализира, се чекаше да стигнат пријавите и да се обработат од општинската администрација.
Советот на општина Гостивар на крајот на август по предлог на советничката од СДСМ, Ема Нешковска (таа предложи 2,000 денари) изгласа Предлог-одлука за еднократна парична поддршка на семејствата на учениците од прво одделение за учебната 2022/2023 година.
згм
Коментарите се затворени.