Вработени во ИТ компании трчаа за децата од СОС детско село
Гостивар, 27 септември 2022 Вработени во ИТ компании од Македонија трчаа на маратон организиран од СОС детско село, а со цел да се соберат средства за дечињата од оваа установа. На маратонот учествуваа многу компании со своите вработени, а воедно и со секое учество се донираа средства за СОС детско село.
Slice како општествено одговорна компанија често подржува вакви инцијативи.
– Всушност ние сме едни од најстарите учесници на оваа иницијатива и едни од ко-основачите по иницијатива на нашиот драг колега Ѓоко Митровски, кој денес е директор на инженеринг во Слајс Македонија. Партнерството со СОС детско село е дел од нашата стратегија за добротворна работа, се со цел да добиеме што повеќе детски насмевки, изјави Ивана Јорданова од Slice Македонија.
На трката учествуваа и велосипедисти, а на финишот имаше и заеднички настан кој имаше за цел да ги зближи децата од СОС детско село со ИТ компаниите, каде во иднина и би можеле да се вработат.
Коментарите се затворени.