Притвор за разбојникот кој пред една недела се обиде да ограби гостиварка

Гостивар, 3 октомври 2022  Мерка притвор од триесет денови доби попладнево (3 октомври) А.М.(19) од Гостивар. Тој е осомничен дека минатата недела насилно сакал да ограби една жена. Со решение од основниот суд Гостивар е спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје.

Од СВР Тетово информираат дека осомниченото момче било уапсено синоќа (2 октомври) во 20 часот и 10 минути на улица “Илинденска” во Гостивар.

– А.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека на 24-ти минатиот месец околу 20 часот и 50 минути, во станбена зграда во Гостивар, физички ја нападнал 45-годишната гостиварка Х.Б. и заканувајќи и се со остар предмет се обидел да и ја одземе чантата, наведуваат од СВР Тетово.

По основите на сомнение, вчера предпладне, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и при тоа се пронајдени и одземени за вештачење повеќе предмети поврзани со ова кривично дело.

згм

Коментарите се затворени.