Информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ за граѓанските организации во Гостивар
Гостивар, 5 октомври 2022 (МИА) Кои услови, какви предлози ќе бидат поддржани со пари од ЕУ и до кога е рокот за пријавување беа претставени од тимот на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ на информативна сесија. На преставниците на невладини организации и здруженија им беа преставени повикот за предлози и механизмот на граѓанска отпорност на ЕУ.
– Европската унија обезбедува 900.000 евра за поддршка на малите локални граѓански организации. Оваа поддршка од ЕУ ќе ги зајакне капацитетите на организациите и ќе овозможи успешно да ги спроведат своите активности за навремено да одговорат на потребите на нивните заедници, рече Зинта Миезаине, лидер на тимот на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”.
Учесниците на сесијата се интересираа за условите за добивање на поддршка преку Механизмот за граѓанска отпорност е директна поддршка за граѓанските организации и добија насоки како да ги поднесат своите предлози и кои услови треба да исполнат за да се квалификуваат на повикот.
На сесијата беше нагласено дека ќе биде отворен до 15 ноември 2022 година.
Проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International.
згм
Коментарите се затворени.