Вруточанец тешко повреден, со автомобил излетал од пат

Гостивар, 13 октомври 2022 Гостивар. Вруточанец е пренесен на скопските клиники откако со во сообраќајна несреќа со автомобил излетал од коловозот. Во незгодата се здобил со скршеници по главата и телото.

Од полицијата информираат дека ноќеска (13 октомври) околу 1 часот и15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Тетово, во близина на бензинска пумпа на излезот од Гостивар. Патничко моторно возило „фолксваген туран“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Е.Р. (29) од Вруток, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коментарите се затворени.