Половина милион евра за енергетски ефикасна фасада на болницата
Гостивар, 15 октомври 2022 Гостиварската болница „Ферид Мурад“ во иднина ќе штеди на енергија за затоплување и ќе биде енергетски поефикасна, откако со половина милион евра беше направена реконструкција на надворешноста на објектот. Ова го констатира, претседателот на владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, кој денес беше во посета придружуван од министерот за здравство Беким Сали и вицепремиерот Фатмир Битиќи.
По обиколката и увидот на завршените работи, кои започнаа пред една година, премиерот во обраќањето напомена дека работите завршиле во предвидениот рок исто како и повеќето проекти кои се опфатени од ТАВ програмата.
– Гостиварската болница доби целосно енергетски ефикасна фасада со површина од околу осум илјади квадратни метри и нови пе-ве-це врати и прозорци. Ова значајно во време на енергетска криза, кога е потребно да заштеди што е можно повеќе, рече Ковачевски.
Тој напомена дека проектите како овој, овозможуваат енергетска ефикасност и се исклучително важни во вакви времиња и оцени дека ова е одличен пример за паметно искористување на државни средства за потребите на граѓаните и ќе придонесе за заштеда на електрична енергија.
Првиот човек на авиокомпанијата ТАВ, Метин Батак напомена дека реконструкцијата на фасадата на болницата е еден 94 објекти од владините проекти кои се финансирани ТАВ Македонија.
– Навистина веруваме дека оваа инвестиција во вредност од 481 илјада евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на јавните здравствени услуги на граѓаните на Гостивар. Нашата основна дејност, а тоа е аеродромското работење, финансирајќи ги овие инфраструктурни проекти заедно со Владата и со локалните власти можеме да додадеме вредност за доброто на македонските граѓани, рече генералниот директор Батак
Зборувајќи за актуелниот момент, премиерот Ковачевски напомена дека владата се погрижила да обезбеди струја и таа да е субвенционирана за 611.000 македонски домаќинства во земјава и за 72.000 мали потрошувачи, фирми кои вработуваат 98% од работниците во државата. За таа намена државата одвои над 220 милиони евра.
Коментарите се затворени.