Спортско и хумано сеќавање на Д-р Трајче Нешковски, втор турнир во мал фудбал
Гостивар, 16 октомври 2022 Вториот меморијален турнир во мал фудбал се одржа во салата на гостиварската гимназија со оддавање чест и сеќавање на д-р Трајче Нешковски.
Пред спортскиот дел од настанот имаше пригодни обраќања и искажување на благодарност на неговите соработници во професионална и партиска кариера и помагачите на турнирот.
– Овие две години откако Трајче трагично нè напушти, нè научија дека тој никогаш нема да биде заборавен, зошто луѓето како него оставаат траен белег во времето во кое живееле. Нам, ни остана обврската и должноста да се сеќаваме на неговите зборови, лекции и добрини и да го сочуваме од заборав неговиот лик и дело, беше кажано на отворањето.
За партиското делување во СДСМ на Нешковски, зборуваше Стефан Богоев, а за професионалната кариера, неговиот колега, Ангелчо Андоновски, напоменувајќи дека Трајче станал пример за идните генерации.
На турнирот учествуваа 13 екипи составени од пријатели, колеги, познаници на Нешковски. Како најуспешни и победници беа прогласена екипата на „Апаш маало“ кои во финалниот натпревар ја победија екипата на СДСМ Централа. Меморијалниот турнир имаше хуманитарен карактер. Во соработка помеѓу здружението „When in Trouble“ и хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ беа прибрани средства за набавка на пакети со прехранбени продукти. Тие им беа доделени на дваесетина социјално загрозени семејства од Гостивар добија во рамки на одбележувањето на Денот на борба против гладта, 16 октомври.
Коментарите се затворени.