Едномесечна забрана за движење на дел од планината Бистра
Гостивар, 20 октомври 2022 НП „Маврово“ воведе едномесечна забрана за движење на посетители по делови од планината Бистра. Ограниченото движење е заради спроведување на планирани активности.
Од управата на Националниот парк „Маврово“ со соопштение до јавноста посочуваат дека забраната за движење на посетители се однесува на локалитетите Карбула, Меденица, Говедарник, Голем Брзовец, Мал Брзовец и Ќурков дол.
– Се забранува движење на посетители во периодот од 21.10.2022 до 20.11.2022 година. Во наведениот период управата на паркот има обврска да спроведе планирани активности според планирани документи, стои во известувањето.
Од НП „Маврово“ упатуваат апел за доследно почитување на забраната и наведуваат дека оваа мерка е во склад со управувањето со строго заштитени подрачја која предвидува ограничувања или посетителите да имаат посебна дозвола за движење.
згм
Коментарите се затворени.