Академија по повод 23-ти Октомври ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Гостивар, 21 октомври 2022 Општинската организација на сојуз на борци Гостивар свечена академија, вечерва го одбележа 23 Октомври Денот на Македонската револуционерна борба. Датум што го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, што резултира со сопствена независна држава
Во Младинскиот центар за млади и заедницата, низ рефератот на наставникот по историја Горан Павлоски присутните граѓани, претставници на повеќе институции и политички партии беше посетено на формирањето и нејзиното значење на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) во 1893 година и шестмината македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик.
– Во својот развоен пат од основањето на Организацијата во 1893 па до нејзиното распуштање во 1934 поминала неколку развојни етапи кои биле поврзани со политичките промени кои се случувале на Балканот и во Европа. Но она што треба да се потенцира е тоа што оваа организација од првиот нејзин ден па се до нејзиното распуштање ја истакнува идејата за „автономија на Македонија“, која се сфаќала како преодна фаза кон создавање на независна македонска држава, рече Павлоски.
Тој напомена дека Македонската револуционерна борба продолжила и во текот на Втората светска војна, со новото востание на македонскиот народ од 1941 година и НОБ од 1941 – 44, која како што потенцира е цврсто поврзана со Илинден 1903.
– Таа борба резултираше со Илинден 1944 година и создавањето на АСНОМ-ска Македонија, а благодарение на АСНОМ-ска Македонија во 1991 година дојде и „третиот Илинден“, како што меѓу народот се нарекуваше 8-ми септември со што се остварија вековните идеали на Македонците за самостојна и суверена држава, подвлече Горан Павлоски
Првиот човек на ОО Сојуз на борци, Ратко Ѓиноски, честитајќи го празникот од претставниците на политичките партии, пратеници и советници, побара да се заложат пред централната власт и локалната самоуправа да влијаат во зачувувањето на споменичните обележја и достојно одбележување на државниот празник.
Коментарите се затворени.