Осум странци го злоупотребиле туристичкиот престој
Гостивар, 25 октомври Полицијата привела осумина странски државјани кои најверојатно биле ангажирани како градежни работници, а биле пријавени како туристи. Поради агресивно однесување кон полицјаци и навредување, приведен е и жител на Чегране.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (24 октомври) била спроведена акциска контрола во која учествувале ОВР Гостивар и Државен инспекторат по труд.
– Во Гостивар околу 11 часот поради злоупотреба на туристичкиот престој приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46) од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41) од Република Албанија и М.Р.(55) од Србија. Покрај овие лица, поради агресивно однесување кон полициските службеници во 12 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар приведен е и Ј.З. од гостиварско Чегране, кој ги попречувал во извршување на службените дејствија, наведуваат од СВР Тетово.
Коментарите се затворени.