Гостиварски средношколци, наставници и преставници на секторот за образование на средба со министерот Шаќири
Гостивар, 4 ноември 2022 Недостигот на учебници во гостиварските училишта беше една од главните теми на средбата меѓу Секторот за образование и министерот за образование и наука која се одржа МОН.
Претставници на Секторот за образование при општина Гостивар, претставници на средните стручни училишта од Гостивар и претставници на Унијата на средношколци од Гостивар, денеска одржаа работна средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
На средбата се разговарало за проблемите на средното и основното образование, за интересите на учениците, а беа разменети идеи и критики во корист на образовниот процес.
Од Секторот за образование при општина Гостивар, меѓу другото, уште еднаш го истакнаа недостигот на книги во основните и средните училишта. Претходно, од општинскиот сектор информираа дека пред почетокот на учебната година недостигаа 25.156 книги во сите основни и средни училишта во Гостивар .
Коментарите се затворени.